
Францускиот сатиричен весник Le Canard Enchaine (Окована патка) доби закани дека „тој е следен“ и тоа ден по масакрот во редакцијата на Шарли Ебдо поради што полицијата го засили обезбедувањето на најголемиот француски сатиричен неделник и отвори истрага.
Во пораката се наведува дека новинарите ќе бидат распарчени со секира.
– Со оглед на околностите надзорот ќе биде засилен, а правосудните органи ќе поведат истрага, информира неделникот.
Неделникот „Окована патка“ кој излегува во среда за оваа недела одбрала слоган „Слобода на печатот се троши само ако не се користи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


