Утрво имаме студено и ведро време, понекаде со слаб ветер од северен правец.Во 7 часот беа измерени следните температури:
-12 Битола, -10 Тетово, -9 Берово, -8 Скопје Пет., Прилеп, -7 Куманово, -6 Струмица, Кр. Паланка, Д. Капија, Штип, -5 Маврово, Скопје, Кавадарци, -4 Гевгелија, Охрид, -3 Виница, Лазарополе, Претор, -2 Крушево, Дојран. Во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Максималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени.
Скопје слично со максимална температура до 8 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно. Во четврток со преодно наоблачување ќе дува и умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат во благ пораст, а дневните нема многу да се менуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


