
На протестниот митинг на кој што во организација на германските муслимани беа осудени џихадистичките напади во Франција германскиот претседател Јоаким Гаук порача дека сите граѓани на земјата без разлика на етничката и верската припадност се Германија. Протестот против растечката исламофобија на кој беа присутни околу 10,000 луѓе меѓу кои религиозни лидери, политичари и германската канцеларка Меркел започна со церемонија пред француската амбасада и со рецитирање на Коранот во кои се осудува одземање на животот.
-Сите сме Германија. Ние демократи со различни политички, културни и верски припадности. Со почит и потреба за другите. Ние кои што знаеме како да го живееме животот, во единство, правда и слобода. Нашиот одговор на фундаментализмот на исламистичките насилници е демократија и почитување на законите – рече Гаук во говорот пред Брандербуршката порта.
Протестот беше организиран од страна на Централниот Совет на Муслиманите во Германија чиј што прретседател Ајман Мазиек порача дека „Терористите не победија и дека нема да победат во иднина“.
За претседателот на Централниот Совет на Евреите во Германија Абрахам Лерер погрешно е да се сомнева до сите Муслимани или да се осудува нивната религија. Тој сепак изјави дека од Муслиманите зависи каков че биде одговорот на стравот и теророт кој гошират радикализирани и фанатизирани исламисти.
Протестот во Берлин се случи еден ден откако во Дрезден и покрај апелите тој да биде откажан на собирот на германски популистички антиисламски групи се собраа рекордни 25,000 луѓе кои што се борат против исламизацијата на западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


