| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ќе го продолжи учеството во операцијата против ИД

франција

Францускиот Парламент го продолжи учеството на француската армија во меѓународната воена операција против џихадистичката група „Исламска држава“ во Ирак.

Одлуката беше донесена денеска со големо мнозинство од пратениците во Националното собрание.

За продолжување на операцијата гласаа 88 од 577 пратеници во Долниот дом на Парламентот. За тоа гласаа и повеќето од пратениците на опозицијата. Тринаесет пратеници гласаа воздржано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top