| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Клуни ги пеглал брчките на тестисите

Никогаш не сум ги мазнел брчките на очите, но потрошив многу пари да ја израмнам кожата на тестисите. Не ми се допаѓа да имам брчки таму!

Холивудскиот заводник Џорџ Клуни  се подложил на еден мошне чуден зафат таканаречен „израмнување на тестисите“! Тоа го признал самиот 51-годиштен актер во интервју за италијанското списание „MAX“.
Целта на зафатот била да се ослободи од збрчкувањата, што се зголемуваат со годините не само на лицето, туку и на тој дел од телото.
– Никогаш не сум ги мазнел брчките на очите, но потрошив многу пари да ја израмнам кожата на тестисите. Не ми се допаѓа да имам брчки таму! Оваа нова техника која многуина во Холивуд ја применуваат вика се „ball ironing“ (пеглање на топки) – изјавил Клуни.
Хирурзите велат дека со оваа интервенција се стега мускулот и се мазни кожата во реонот на тестисите, а резултатот има големо позитивно влијание на машката самодоверба.
Имајќи предвид дека Џорџ Клуни е познат по својата одлична и необична смисла за хумор, не би не изенадило ако ова изјава е уште една негова шега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top