| четврток, 6 декември 2018 |

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие нова спортска сала

Нова спортска сала ќе се гради во дворот на Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

todorovikj-1-500

За ова денеска информираше градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, кој нагласи дека оваа трета по ред спортска сала која се гради во општина Центар ќе се гради во соработка со Министерството за образование.

todorovikj-500

– По отстранувањето на некои правни и технички проблеми кои беа врзани и за проектот и за договорите, ние продолжуваме веднаш по изборите со изградбата на оваа сала – рече тој.

Инаку, како што рече тој, салата ќе биде со големина од 600  квадратни метри и се очекува дека ќе чини околу 400 до 500 илјади евра.

todorovikj-2-500

На територијата на општина Центар веќе се изградија две спортски сали, а третата ќе биде готова за два месеци. Во дворот на училиштето „11 Октомври“ и во дворот на Факултетот за физичка култура, Општина Центар веќе изгради две спортски сали во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top