Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побара од Собранието на Република Македонија да има пилот-проект за државниот испит во високото образование.
– Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот-проекти, стои во писмото на Ректорската управа испратено до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до ресорниот министер Абдилаќим Адеми.
Предлогот произлезе од денешната вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



