| четврток, 6 декември 2018 |

Момче падна од шест метри од жичарница (видео)

Во скијачкиот центар во Пенсилванија, деветгодишно момче останало да виси на жичарницата на висина од шест метри.

На видеото се гледа како момчето се обидува да се врати на седиштето, додека спасувачите се обидуваат да дојдат до него.

Момчето успеало да ја извади едната скија и паднал во снегот од висина од шест метри. За среќа ја повредило само ногата.

Сопственикот на туристичкиот центар изјави дека детето било само во седиштето кога се случил инцидентот и имал шлем за заштита на главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top