| четврток, 6 декември 2018 |

Мирчев: Македонија соодветно одговара на националните доктрини на соседите

„Националната доктрина на соседите во последните две-три децении во значителна мера се инструментализирани во реалните политики на државите на Балканот, кои доведоа до многубројни конфликти, насилства и трагедии. Дури и денес тие им се закануваат на мирот и на стабилноста во регионот и особено на позицијата на Република Македонија и на македонската нација, на нејзината етногенеза, конструктивност, идентитет и постанок“, пишува во новото дело „Балканскиот мегаетникум-националните доктрини на македонските соседи“ на професор Димитар Мирчев,  кое беше промовирано денеска во МАНУ.мирчев

– Се обидов да соберам еден фонд такви доктрини и теориско-критички документи и да ги анализирам од аспект на односот кон Македонија, пред сѐ, и кон позицијата на нашето малцинство во соседните земји. Утврдив многу интересни факти дека тие доктрини апсолутно постојат, врзани се главно со академиите на науки, имаат еден континуитет меѓу оние доктрини од половината на 19 век, какви што се Мегали идејата на Грците, Зачртанието на Илија Гарашанин во Србија, програмата на Призренската лига…Има еден теориски континуитет. Меѓутоа, ние би очекувале дека денес во модерна доба тие доктрини ќе се изменат значително, ќе се засноваат на човековите права, почитување на суверенитетот, идентитетот на другите народи, малцинства и излезе дека не е, дека сѐ уште се базираат на теориите од 19 век – појаснува Мирчев.

мануМакедонија, спроед него, прави сѐ за соодветно да одговори на овие доктрини.

– Со оглед на нашата позиција, далечината на државата, признаеноста на меѓународната заедница, мислам дека правиме сѐ за соодветно да одговориме и досега немало ситуации во кои не сме нашле одговор. Можеби ќе помине уште извесно време зошто овие доктрини постојат и натаму ќе бидат актуелни, додека до крај не одговориме, меѓутоа мислам дека веќе се искристализирани ставовите и политиките и нема да има отстапувања барем кај нас – изјави професорот Мирчев.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, посочи дека не може да се игнорираат овие доктрини.

ману 2– Националните доктирини на нашите соседи не можеме да ги негираме, напротив колку и да се субјективистички, национални, етнички, пристрасни, тие влијаат врз политиката и на односите на Балканот, сѐ уште не се надминати и се актуелни во односите во соседството и во регионот и, најверојатно, и натаму ќе бидат актуелни – изјави Канческа-Милевска.

Проф. Бранислав Саркањац, кој беше еден од промоторите на делото на Мирчев, меѓу другото, истакна дека голем дел теоретичари сметале дека во 21 век глобализацијата ќе го умртви национализмот и оти ќе биде век без нации. Се случи обратното, истакна тој, глобализацијата се виде како како закана за националните интереси на огромен број интереси.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top