| четврток, 6 декември 2018 |

Ди Марија одби да се потпише на дрес од Реал (видео)

­ На свечената церемонија на доделувањето награди за најдобри фудбалери на светот во Цирих, поранешниот играч на Реал, Анхел ди Марија одби да се потпише на дрес на кралскиот клуб.

Ди Марија кој летото прејде во Манчестер Јунајтед, делеше автограми на навивачите на премиерлигашот, но кога дојде ред да се го стави својот потпис на дрес од Реал, тој одби да го направи тоа.

Аргентинскиот репрезентативец на изненадување на фудбалската јавност по крајот на минатата сезона беше продаден, иако таквиот потег на управата на клубот беше критикуван од Роналдо и соиграчите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top