| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјани пренесувале бугарски амфетамини во гаќи

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против Ж.М. (26) и З.Ч. (29) двајцата од Штип, поради постоење основано  сомнение за неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Имено, двајцата пријавени во меѓусебен договор заради продажба на 8. овој месец заминале за Софија, Р. Бугарија и од непознато лице  бугарски државјанин купиле за сума од 360 лева психотропна супстанца “амфетамин“ со вкупна тежина од 54,45 грама. Наредниот ден при извршен преглед над првопријавениот обавен од страна на полициски службеници до ПС за ГП и ГН Ново Село,  психотропна супстанца е пронајдена скриена во гаќите на првопријавениот.

Во обавен разговор со првопријавениот околку потеклото на психотропна супстанца „амфетамин“, истиот  изјавил дека во Софија заедно со второпријавениот ја набавиле психотропна супстанца од НН бугарски државјанин за сума од 360 лева, а со намера истата да ја продадат на лице дилер на овој вид на дрога од подрачјето на градот Штип.  Инаку и двајцата минуваат во крим евиденцијата при СВР Штип

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top