Потенцијалниот македонски репрезентативец Никола Јакимовски ќе игра во Серија Б во Италија, за Варезе. Јакимовски има 25 години, а во наредните 6 месеци ќе игра во Втората италијанска лига, со можност потоа договорот и да се продолжи.
Последен клуб на Јакимовски беше српска Јагодина, а претходно тој настапуваше во Јапонија за повеќекратниот шампион Нагоја. Јакимовски има настапи за сите младински селекции на Македонија, а се уште го очекува дебито за сениорската селекција.
Во Варезе ќе има тешка мисија во пролетниот дел од шампионатот да помогне да се избори опстанок. Новиот клуб на Јакимовски е на 18. позиција со 22 бода во конкуренција на 22 екипи.
Во Серија Б во продолжението од шампионатот ќе настапува и Стефан Ристовски. Тој е член на калчолигашот Парма, но повторно се враќа во Латина, клуб за кој настапуваше и ланската сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Не со кривични пријави, со тенкови да тргнат на мене, на 30 септември не излегуваме на гласање!
-
Јакимовски: Уште два живота да има Богоев, нема да го постигне мојот успех
-
Јакимовски: На власт дојде режим кој е подготвен да продаде сè живо, само за да може подолго да владее (видео)
-
Јакимовски: За изборните нерегуларности мора некој да одговара