| четврток, 6 декември 2018 |

По студеното утро следува сонце и температура до 9 степени

сонцеУтрово во Македонија речиси насекаде во земјава преовладува ведро и студено време со слаб ветер од северен правец.

Од УХМР известуваат дека во 7 часот се измерени следниве минимални температури: 

-10 Берово, -9 Лазарополе, -8 Битола и Маврово, -7 Тетово и Кр. Паланка, -6 Прилеп и Крушево, -5 Скопје-Петровец, Охрид и Претор, -4 Куманово, Штип, Д.Капија и Виница, -3 Струмица и Кавадарци, -2 Скопје-Зајчев Рид, 2 Дојран до 3 степени во Гевгелија.

Во текот на денот нѐ очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени.

Скопје слично со максимална температура до 4 степени.

Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со негативна утринска температура, а дневната ќе биде во пораст.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top