| четврток, 6 декември 2018 |

Хакери на Исламската држава влегоа во профилите на американската воена команда

Хакерска група, која тврди дека е од „Исламска држава“, упадна во профилите на американската воена команда на Блискиот Исток (Сентком) на „Твитер“ и „ЈуТјуб“.

По нападот групата објави доверливи документи на американската армија, вклучително лични адреси на офицери.

– ИД е веќе тука, ние сме во вашите компјутери, во секоја американска воена база, објавија хакерите на „Твитер“ профилот на Сентком.

Претставник на Пентагон објави дека хакерскиот напад на профилот на Сентком на „Твитер“ е збунувачко, но дека не претставува закана за безбедноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top