| четврток, 6 декември 2018 |

Интерпол распиша потерница по Јанукович

Интерпол распиша меѓународна потерница по поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, поради обвинението за проневера и финансиски измами.

Украинските власти наведоа дека се објавени `црвени` потерници на Интерпол по Јанукович (64) кој откако е протеран од власт со безредијата во Киев пред речиси една година, живее во Русија, со што се овозможува на која и да е земја да го предаде на Украина, ако биде уапсен, пренесе Reuters.

-Денеска, неколку месеци откако Украина испрати барање во март 2014, со аргументи кои ги подготви Министерството за внатрешни работи, обвинителството и безбедносните служби на Украина, специјалната комисија на Интерпол донесе одлука, наведеукраинскиот министер за внатрешни работи Арсениј Аваков на својот фејсбук профил.

Според агенцијата ТАСС, потерници се распишани и по синот на Јанукович, Александр, по поранешниот премиер на Украина Микола Азаров, министерката за здравство Раиса Богатирева и министерот за финансии Јуриј Колобов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top