Со гласовите на жирито составено од спортски новинари од медиуми од поранешна Југславија и од гласовите на ракометните фанови на „Балкан хендбол“ избран е најдобриот состав од играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Катар.
Претставниците на седмата сила од сите шест земји ги дадоа гласовите за своите фаворити на кои се додадени и големиот број гласови од симпатизерите.
Во идеалниот состав се наоѓаат дури пет хрватски репрезентативци, еден од Македонија и еден од Босна и Херцеговина.
Голман: Мирко Алиловиќ (Хрватска)
Лево крило: Мануел Штрлек (Хрватска)
Лев бек: Никола Прце (БиХ)
Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)
Десен бек: Кирил Лазаров (Македонија)
Десно крило: Иван Чупиќ (Хрватска)
Пивот: Игор Вори (Хрватска)
За селектор на овој состав е избран македонскиот селектор, Хрватот Ивица Обрван, а заменик Борис Дениќ.
Во вториот идеален состав се најдоа:
Голман: Борко Ристовски (Македонија)
Лево крило: Дејан Манасков (Македонија)
Лев бек: Иван Слишковиќ (Хрватска)
Среден бек: Игор Карачиќ (Хрватска)
Десен бек: Марко Копљар (Хрватска)
Десно крило: Драган Гајиќ (Словенија)
Пивот: Владимир Врањеш (БиХ)
Во изборот не се вклучени репрезентативците на Србија и на Црна Гора бидејќи овие две репрезентации не изборија учество на светскиот собир во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


