
Откако беше составен климатскиот енергетски план кој има за цел да се намали емисијата на штетни гасови до 2050 година, архитектот Винсент Сејебо во соработка со градското собрание на Париз и инженерите од „Сетек Бетимен“ создаде проект кои ги испитува различните улоги на висококатниците.
Проектот познат под името „2050 Париз паметен град“, ги претставува осумте различни зелени згради кои во себе ги интегрираат елементите на природата и обновливите извори на енергија во густо населената урбана метропола.
На сите нив им е заедничко тоа што го користат она што им го дава природата, но и можности како да се добие електрична енергија на еколошки прифатлив начин, како да се одгледуваат овошје и зеленчук, како да се заштити водата и како да се живее во склад со природата во урбана средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.










