| четврток, 6 декември 2018 |

Интензивно се работи на конзервација и санација на црквата „Св. Никола“ во селото Манастир

Со поддршка од Министерството за култура, продолжува конзервацијата и санацијата на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово.

3.12.2014.MANASTIR-MARIOVO 010

Стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп интензивно работат на конструктивна консолидација на темелите на црквата од западната страна. Заради адекватна заштита на овој значаен споменик на културата од XI до XIII век, претходно, со поставување потпорни ѕидови, беше извршено зацврстување на темелите на црквата од источната, северната и од јужната страна. Во текот на интервенциите, откриени се и темелите на еднокорабната црква од XI век. Пред почнувањето на проектот за санација,беше изработена и студија за конзерваторско–реставраторските зафати во самиот објект, каде што паралелно се работеше и на конзервација на вредниот фрескоживопис. Оваа, 2015 година е планирано да се изврши препокривање и санација на архитектурата на овој значаен споменик на културата од византискиот период.

3.12.2014.MANASTIR-MARIOVO 011

Црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, е изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Според архитектурата, црквата претставува трикорабна базилика која содржи извонредни фрески, како што се: „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Ваквиот тип сликарство е многу редок и е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид.

3.12.2014.MANASTIR-MARIOVO 031

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top