| четврток, 6 декември 2018 |

Осветена канбанаријата во црквата „Св.Никола“ во Љубанци (фотогалерија)

22.05.2017

Камбанаријата во црквата Св.Никола во скопското село Љубанци вчера беше осветена, ден пред празникот Св.Никола (летен) . Насобраните верници присуствуваа на осветувањро, но и на поставувањето камен темелник на крстилницата и трепезаријата.

Минатата година почнаа активностите за конзервација, реставрација и статично зајакнување на стариот конак на манастирот „Свети Никола“ во скопското село Љубанци. Манастирскиот комплекс „Св. Никола“ во Љубанци е несомнено едно од најзначајните светилишта на овој простор, кој во минатото го носел епитетот Света Гора.

Селото Љубанци се наоѓа во северозападниот дел на Скопската котлина, на територијата на општината Бутел, чиј атар се издигнува до сртот на планината Скопска Црна Гора.Црквата Свети Никола, според народното предание е градена во исто време кога и познатата Јахја-пашина Џамија во Скопје, бидејќи главната заслуга за изградбата на црквата ја имал еден предок на денешниот род Ниникевци кој добил дозвола за нејзина изградба од самиот Јахја-паша. Црквата била повторно поправена и живописана во 1881 година. Љубанчани ја користат за прослава на селската слава венчавки и крштевки.

Манастирот Св. Никола е постар објект чија изградба траела од 1849 до 1858 година, а свои прилози на личен труд и материјални добра принесувале селаните од Љубанци, со оглед на тоа што тие по традиција негуваат особено почитување кон овој светител. Сведоштво за тоа е византиската црква во селото посветена на Св. Никола од 14 век. Иконостасот во манастирската црква е изработен од познатиот македонски мајстор Дичо Зограф.

Top