Раде Силјан е добитник на Наградата за поезија за 2014 година на списанието „Литература и уметност“, орган на Сојузот на писателите на Република Молдавија. На познатиот македонски поет и литературен критичар признанието му е доделено за поетската книга „Сенка на векот“, која минатата година во Кишињев беше објавена на романски јазик во престижната едиција „Пегаз“ на гласилото на молдавските писатели.
Во образложението за наградата посебно се нагласува конзистентноста на поетската книга, свежината и оригиналноста на поетскиот јазик, како и универзалните лирски пораки проткаени со длабоки филозофски промисли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.