| четврток, 6 декември 2018 |

Самураите ја декласираа Палестина

Азискиот шампион Јапонија ја оправда улогата на апсолутен фаворит против дебитантот Палестина и со победа од 4-0 ја почна одбраната на титулата на азискиот куп што се игра во Австралија.

Ендо, Оказаки и Хонда од пенал уште по првото полувреме им донесоа огромна предност на „самураите“, а печат на убедливата победа со гол во 49. минута стави стоперот на Саутемптон Јошида.

josi

Јапонија рутински ги освои првите бодови во групата Д на азискиот куп и најави битка за нов трофеј. Палестина првпат игра на континенталниот шампионат, а стартуваше со очекуван пораз против актуелниот шампион на Азија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top