Ако радикалната левичарска партија Сириза победи на претстојните избори, Грција ќе остане во еврозоната додека истовремено ќе се бори против мерките за штедење, изјави вчера лидерот на Сириза, Алексис Ципрас.
На глобалниот пазар имаше разни реакции дека Грција мже да излезе од еврозоната ако Сириза победи на изборите на 25 јануари.
Но, Ципрас нагласи дека идејата за излез од еврозоната е само „алармирање“ кое датира од 2012 година кога кризата беше на врвот поради што Атина доби меѓународна помош од 240 милијарди евра.
– Климата сега е целосно поинаква. Единствена личност која зборува за таа можност е премиерот Антонис Самарас, но тоа секојдневно го негираат високите европски претставници – наведе Ципрас за грчкиот неделник „Реалњуз“.
Самарас предупреди дека би било катастрофално ако Сириза победи на изборите и ги прекине мерките за штедење условени од ЕУ и од ММФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!