| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Очекувам иста реакција и за исламофобијата

Ahmet-DavutoğluПремиерот на Турција Ахмет Давутоглу го поздрави масовниот марш против тероризмот во Париз како силна порака на светот, но и во напомена дека очекува слична реакција по повод нападите на џамиите и исламофобијата.

Давутоглу се приклучи на десетината светски лидери во маршот против теророт на исламистите кој почна со нападот на францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо, по што следуваше заложничка драма на две локации во Париз.

– Оваа порака е до целиот свет дека сите мораат да се спротивстават на заканата од тероризам, рече Давутоглу по учеството во маршот на кој само во Париз имаше повеќе од 1 милион луѓе.

Очекувам дека иста чувствителност ќе се покаже и по повод нападите на џамиите и поводот за исламофобија, изјавил Давутоглу.

Тој пофално се изразил за коментарите на францускиот претседател Франсоа Оланд дека „овие фанатици немаат нито со муслиманската религија“.

Давутоглу напоменал дека напаѓачите не пораснале во муслимански земји туку во Париз поради што треба да се проучи таа средина.

Турскиот премиер рекол дека ТУрција и понатаму ќе го крева гласот против тероризмот во сите облици вклучувајќи го и „државниот тероризам кон Палестинците и во Сирија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top