| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот работен ден на новиот папа

Новоизбраниот папа Франсис утрово, по сите синоќешни возбудувања, го почна првиот работен ден. Тој на синоќешната вечера не се задржал долго со 114 кардинали. Утрово, во рана зора, влегол во Ватикан за да се помоли во римската базилика „Света Марија Велика“. Влегол од спореден влез околу 8 часот. Се молел пред иконата на Богородица со детето в раце, заштитничката на римскиот народ. Се задржал триесетина минути, разговарал со свештениците, Пред олтарот положил цвеќе, а, според италијанските медиуми, рекол: Бидете милосрдни, молете се за мене.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top