
Еквадор е земјата во која пензионерите уживаат најмногу и тоа поради топлата клима, достапните станови и многубројните понуди. Јужноамериканската држава, опкружена со Колумбија и Перу, се најде на врвот на годишната светска топ-листа за места погодни за пензија, според критериумите на специјализираниот портал „InternationalLiving.com“, Главни конкуренти на Еквадор се: Панама, Мексико, Малезија и Костарика, кои исто така ги исполнуваат осумте главни критериуми.
Еквадор добил 92,7 од можните стотина бодови, а најдобри оценки добил за климатските услови, трошоците за наем или купување на недвижности, цената на авионските повратни билети, јавниот превоз и услугите што им ги нудат на пензионерите.
Најдобро место за пензија во Средна Америка се смета Панама, која нуди „пенсионадо“- виза, која може да ја добие секој што има пензија поголема од 1.000 долари. Визата овозможува попуст во здравствената грижа, забавата, авиноскиот превоз, како и во снабдувањето со струја и телефонирањето.
Малезија е најдобра земја за пензионери во Азија, а добила најмногу поени заради едноставното приспособување, забавата и комфорот, како и за ниските животни трошоци. Јадење, со шише вино, во Малезија може да се добие за помалку од пет долари, а посета на лекар чини само 15 долари.
Шпанија е шеста на светската топ-листа, а прва во Европа. Нејзините адути се топлата клима и ниските животни трошоци, во споредба со другите европски земји. Шпанија добила многу бодови и за добрата инфраструктура и здравството, кое според Светската здравствена организација е меѓу најдобрите во светот, како и место за забава.
Соседната Португалија е на деветтото место на светот за пензионери, а потоа следи Тајланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)


