| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус поблиску до „скудетото“, вечерва славеше победа на „Сан Паоло“

Актуелниот шампион на Италија тимот на Јувентус направи значаен исчекор во борбата за шампионската титула во „Серија А“ лигата победувајќи го Наполи на гостински терен со 3-1 во 18.коло.

Napoli vs Juventus

По цели 14 години „Старата дама“ успеа да победи на „Сан Паоло“ во Неапол и ја урна традицијата кога се работи за овие два тима.
Јувентус влезе во натпреварот крајно мотивирано со желба за победа и освојување на трите бода со што ќе осамне на врвот на табелата пред Рома која денеска одигра само 2-2 во градското дерби со Лацио.
Погба со прекрасен волеј-удар како Зидан во Лигата на шампионите 2002 година ја затресе мрежата на голманот на Наполи Кабрал во 29 минута од првото полувреме.

Napoli vs Juventus

Во второто полувреме Бритос израмни на 1-1, но овој резултат стоеше на семафорот само пет минути бидејќи Касерес повторно го доведе Јувентус во водство од 2-1. Наполи во финишот се обиде со сите сили да дојде до поволен резултат направи притисок кон голот на Буфон, но по една брзо изведена контра Артуро Видал во судиското продолжение го постави конечниот резутат.
На табелата води Јувентус со 43 бода пред Рома која има 40 и Лацио со 31.


Napoli vs Juventus 1-3 All Goals & Highlights… by gentaa

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top