| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Џеки Чен осуден на шест месеци затвор

20141222170337_280157

Синот на познатиот холивудски актер Џек Чен судот во Кина го осудил на шест месеци затвор.

Џејси Чен (32), исто така актер, ќе мора да плати и парична казна од 2.00 јуани (околу 320 долари).

Тој минатиот август, заедно со тајванската филмска ѕвезда Кај Кум (23), беа уапсени во Кина под обвинение за поседување и консумирање на дрога.

Нему му се закануваше казна затвор од три години, но судот донел поблага пресуда поради тоа што обвинетиот доброволно ја признал вината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top