Срамен пораз за Манчестер Јунајтед на својот стадион од овогодинешната сензација во Премиер лигата Саутемптон од 0-1.
Избраниците на Луис Ван Гал иако ја имаа иницијативата на натпреварот не успеаа да го погодат голот на денешниот натпревар. Статистиката кажува играчите на Јунајтед не успеале да упатат удар во рамката од голот.
Тоа го искористија гостите од Саумтептон кој со единствениот удар кон голот на Давид Де Геа од страна на Душан Тадиќ во 69 минута од натпреварот ги однесоа три бода.
Саутемптон со победата сега стигна до третото место, веднаш зад двоецот Челси и Манчестер сити, а Тадиќ погоди по одбиената топка, откако претходно Грацијано Пеле во акцијата го погоди дирекот. Тадиќ го замолкна „Олд Трафорд“, а прослави како Марио Балотели.
Јунајтед со поразот сега е четврти со два бода помалку од денешниот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)