| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев се враќа во репрезентацијата, Каролина со ново момче – што ги чека ѕвездите во 2015?

концерт-Каролина-14-450x300

Горан Пандев се враќа во фудбалската репрезентација, а Каролина ја очекува турбулентна година во која ќе има ново момче, предвидуваат познавачите на астрологијата за ѕвездите на македонската естрада, пишува „Убавина и здравје“.

Калиопи: Во текот на годинава, транзитниот Јупитер поминува низ првото поле, што значи дека ќе биде задоволна од кариерата и често ќе има јавни настапи, кои ќе бидат прифатени со воодушевување од страна на публиката.

Ѓоко Таневски:  Во првата половина од годинава, транзитниот Јупитер почна да поминува преку Месечината на Ѓоко, носејќи му поголема заработувачка ако се испроба во други води.

Каролина Гочева:  До крајот на годинава на Каролина ќе и се отвори можност за голема заработувачка во странство, па ќе доживее своевидна кулминација во кариерата. Што се однесува до љубовниот живот и тука и претстојат доста турбуленции, со дечкото со кој е во врска никако нема да и биде здодевно.

пандев1

Горан Пандев:  Годинава што следи на Пандев ќе му донесе мало разочарување, но за македонските љубители на фудбалот има и среќна вест – годинава Пандев повотрно ќе се врати во репрезентацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top