Поладнево се одиграа шест натпревари во рамките на 18.коло од италијанската Серија А лига.
Во дербито на Рим меѓу Рома и Лацио беа постигнати четири гола, по два на двете страни.
Лацио ги изненади играчите на Рома со два брзи гола во првото полувреме преку Маури и Андерсон во 25 и 29 минута од натпреварот. Кога сите мислеа дека Рома ќе доживее пораз во градското дерби, „Прицот“ на Рим Франческо Тоти успеа со два гола во вториот дел да го спаси својот тим од пораз и да остане во трката за скудетото оваа година.
Тоти беше стрелец во 48 и 64 минута од натпреварот, а посебно за одбележување е при прославата на вториот гол тој зема мобилен телефон и направи „селфи“ со навивачката трибина на „Римската волчица“.
Рома со освоениот бод се израмни на првото место на табелата со Јувентус кој има натпревар помалку, оној вечерва во дербито против Наполи со почеток од 20.45 минути.
Денеска на седум натпревари беа постигнати 25 гола. Најефикасен беше натпреварот во Фиренца меѓу Фиорентина и Палермо кој го добија домаќините со 4-3.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Интер – Џенова 3-1, Аталанта – Кијево 1-1, Калјари – Чезена 2-1, Сампдорија – Емполи 1-0, Верона – Парма 3-1.
AS Roma vs Lazio (2-2) Full Highlights 11/01… by rubin7190
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)