Екипата на Арсенал полека но сигурно се искачува кон врвот на табелата. Денеска избраниците на Арсен Венгер предводени од фантастичниот Алексис Санчез лесно и без никакви проблеми го победи тимот на Стоук со 3-0 во рамките од 21.коло од Премиер лигата.
„Топчиите“ во овој дуел влегоа далеку помотивирани бидејќи во претходното коло загубија од Саутемптон и мораа да ги освојат трите бода.
Играч на натпреварот е секако Санчез кој постигна два гола, на третиот беше асистент. Резултатот го отвори Косчиелни во шестата минута на додавање на Санчез, а Чилеанецот беше стрелец во 33 и 49 минута од натпреварот.
Со новите три бода Арсенал се искачи на петтото место на табелата со 36 бода и само еден помалку од Манчестер Јунајтед кој е трет и има натпреварот помалку оној против Саутемптон кој се игра од 17 часот.
Arsenal vs Stoke City 3-0 All Goals 2015 by spotive29
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)