Стотици илјади луѓе пристигнуваат од сите делови на Париз за да се приклучат на историскиот Марш и изразат солидарност.
Тие извикуваат: Шарли, Шарли, во знак на сеќавање на убиените новинари од сатиричниот весник Шарли ебдо.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, германскиот канцелар Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнаа порано во Елисејската претседателска палата за да учествуваат со останати светски лидери во историскиот марш против теророт.
На нив им се приклучија и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





