
Владата во Турција верува дека сопругата на Амеди Кулибали, неколку дена била во Турција но сега успеала да побегне во Сирија.Жена со исто име, Хајат Бумерин, дошла до авион во Истамбул на 2 јануари, а воедно таа личeла на Хајат, по која веќе е распишана потерница.
Таа според официјалните информации, слетала на аеродромот Сабих Гокчерн, пред да замине за Санлиуфу, во близина на границата со Сирија, а потоа исчезнала.
Француските безбедносни сили се сконцентрирани кон тоа да ја пронајдат Бумерин, вооружената и опасна партнерка на Кулибали.
Пред да биде убиен, Кулибали на новинарите им кажал дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава. Кулибали и Бумерин се главните осомничени за убиството на сообраќајната полицајка во четвртокот која беше застрелана во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


