Реновираниот тим на Интер по нерешените резултати против Лацио и Јувентус ја забележа и првата победа во 2015 година. Жртва на „Нерозаѕурите“ беше Џенова која денеска не беше достоен противник на поранешниот италијански и европски шампион.
Избраниците на Роберто Манчини мотивирани од новите случувања во тимот со доведувањето на Подолски и Шаќири денеска победија со 3-1.
Со двата гола на Паласио и Икарди во 12 и 39 минута, Интер ја обезбеди победата уште во првото полувреме.
Во второто полувреме тимот од Милано ја контролираше играта се до 85 минута кога Ицо намали на 2-1, но по само три минути столбот во одбраната Немања Видиќ го постави конечниот резултат.
Интер четири кола не знае за пораз, и со новата победа се искачи на деветтото место на табелата во Серија А лигата со 25 бода, додека Џенова остана на шестото место со 27 освоени бода.
Inter vs Genoa (3-1) Full Highlights 11/01/2015… by rubin7190
Двете дерби средби Рома – Лацио и Наполи – Јувентус ќе го одбележат ова коло бидејќи ќе се одлучува за самиот врв на табелата.
Денеска уште се среќаваат: Аталанта – Кијево, Калјари – Чезена, Фиорентина – Палермо, Сампдорија – Емполи, Верона – Парма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




