| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Париз денеска е престолнина на светот

Aftermath of heavy rains and wind in Poland

Париз денеска е престолнина на светот, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд пред одржувањето на Маршот на солидарноста со жртвите во терористичките акции кои почнаа со напад врз сатиричниот весник Шарли ебдо и во кои беа убиени 17 луѓе.

– Целата моја држава ќе стане, изјави Оланд пред министрите, јавуваат француски медиуми.

На Маршот се очекуваат повеќе од милион луѓе и присуство на повеќе од 40 светски лидери кои ќе и искажат поддршка на Франција.

Повеќе од 5.500 полицајци и војници ќе се грижат за безбедноста во Париз поради Машот на солидарноста. Дополнително ќе бидат распоредени 2.200 луѓе за обезбедување на рутата на маршот и повеќе од 3.000 полицајци и војници околу градот, пред медиумите, верски објекти, јавни згради и дипломатски мисии

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top