Најмалку 12 лица се повредени, а над 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија како последица на неверемето проследено со силен ветер што го зафати северозападниот дел на Полска.
Како што јави ТАСС, ветерот предизвикал оштетувања на повеќе инфраструктурни објекти, однел покриви од куќите во многу села и урнал десетици дрва.
Според метероролозите, ветерот во многу делови на Полска бил со јачина од 28 метри во секунда.
Поради невремето, полските власти им пропрачаа на граѓаните да се воздржат од патувања и прошетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



