| четврток, 6 декември 2018 |

Победа број 1.000 за Федерер

federer

Швајцарецот Рожер Федерер триумфираше на турнирот во Бризбејн откако во финалето со 2:1 во сетови го победи Милош Раониќ од Канада.

Ова воедно за него беше 1.000 победа во кариерата. Повеќе од 1.000 победи имаат само уште Џими Конорс (1.253) и Иван Лендл (1.071).

Федерер во финалето го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а потоа Раониќ беше поуспешен во тај брекот од вториот сет со 7:6 (7:2). Во решавачкиот сет повторно беше 6:4 за Федерер.

Ова за швајцарскиот тенисер е вкупно 83-та турнирска победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top