| четврток, 6 декември 2018 |

50- годишен француски муслиман ментор на исламистите кои убија 17 лица во Франција

mentor na teroristi

Џамел Бегал, 50- годишен француски муслиман роден во Алжир, бил менторот на браќата Куаши, како и на Амеди Кулибали, исламистите кои за три дена убија 17 луѓе во Франција.

Бегал веќе со години се наоѓа во француски затвор, каде ги запознал и своите следбеници.

Кулибали кој бил ситен криминалец, во затворот се запознал со помалиот од браќата Куаши, кој пак бил осуден бидејќи се подготвувал да тргне за Ирак и да се придружи на борбата против американските војници.

Во истиот затвор се запознале со менторот Бегал, кој бил зад решетки поради припрема на бомбашки напад на амбасадата на САД во Париз.

По масакрот кој браќата Куаши го извршија во средата во париската редакција на сатиричниот магазин Шарли Ебдо, затворските власти веднаш го преместиле Бегал во самица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top