| четврток, 6 декември 2018 |

Само 17 отсто од Французите стравуват по џихадистичките напади

paris-attack_2

Само 17 отсто од Французите стравуват по џихадистичките напади во кои 17 нивни сонардоници ги изгубија животите, покажува испитувањето на јавното мислење на „Одокса“ за венсикот „Паризиен Диманп/Ожурдуи ан Франс“, јави дописникот на МИА од Париз.

На прашањето кои чувства преовладуваат кај вас по последните настани, 61 отсто изјавиле „бес“, 49 проценти „мачнина“, 46 отсто „солидарност“ и 17 проценти „страв“.

Во истото испитување 81 отсто од Французите велат дека се подготвени да се мобилизираат за да им оддадат почит на жртвите во треористичкиот напа, додека 18 проценти одговориле негативно.

Што се однесува до повикот за „национално единство“, 79 отсто од испитаниците изјавиле дека тоа е добар одговор, бидејќи покажува дека демократијата е послина од тероризмот. Само 20 проценти мислат дека тоа е лош став, бидејќи е лицемерен одговор на политичарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top