| четврток, 6 декември 2018 |

Како би изгледал денес Елвис Присли? (ФОТО)

Неговата црна коса, продорни очи и детски лик создадоа многубројни женски фанови ширум светот, кои го обожаваа. Но, како би изгледал кралот на рокенролот денес?

Обожавателите на музиката на Присли низ светот го обележаа неговиот 80-ти роденден оваа недела. По тој повод, сајтот Phojoe.com објави фотографија како популарниот музичар би можел да изгледа денес, доколку се уште би бил жив.

elvis

Оваа компанија редовно соработува со локалната полиција, медиумите, а повремено и со ФБИ, така што изработуваат слики со осомничени лица кои покажуваат како тие би можеле да изгледаат после неколку години.

Експерти проучувале околу 50 фотографии од Елвис Присли за да донесат заклучок како тој би можел да изгледа денес.

Prisila sa tortom

Неколку стотици фанови им се придружија во четвртокот на неговата поранешна сопруга Присила, ќерката Лиза Мери и внуците, во одбележувањето на 80 роденден на иконата на рокенролот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top