По двата пораза во 2015 година, едниот од Валенсија во Примера дивизја и вториот од Атлетико Мадрид во кралскиот куп, денеска играчите на Реал Мадрид му дадоа три гола на Еспањол за враќање на самодовербата и бодовната разлика во однос на Барселона на врвот на табелата во Шпанија.
Натпреварот беше решен со двата гола уште во првиот дел. Стрелци беа Џејмс Родригез по одличното додавање на Кристијано Роналдо и Герет Бејл, а особено беше фантастичен вториот бидејќи Велшанецот успешно стрелаше од слободен удар.
Во второто полувреме замената на Родригез, Начо го постави конечниот резултат од 3-0 во 76 минута.
На табелата води Реал Мадрид со 42 бода, четири повеќе од Барселона која својот натпревар го игра утре во дербито против Атлетико Мадрид, но по ова коло „кралевите“ ќе имаат натпревар помалку.
All Goals – Real Madrid 3-0 Espanyol – 10-01-2015 by VideoCopa
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)