| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од карикатуристите: Поддршката на „Шарли ебдо” „противречна” со неговите карикатури

Луз, еден од карикатуристи на „Шарли ебдо” што го преживеа нападот врз редакцијата на весникот, оцени дека поддршката која ја добива сатиричниот неделник денес е „прекрасна”, но таа е „противречна со она што го претставуваат цртежите на Шарли”, јави дописникот на МИА од Париз.

­ Целиот свет не гледа, се претворивме во симболи, исто како нашите цртежи. Денес треба да носиме симболична одговорност, која не е запишана во цртежите на „Шарли”, објаснува тој во разговорот за неделникот „Инрок”.
­

Прекрасно е што луѓето не поддржуваат, но ние сме во противнасока од она што се цртежите на „Шарли”, додава карикатуристот, кој во момоментов работи на новиот број на „преживеаниот Шарли”, кој треба да излезе од печат в среда во тираж од еден милион примероци, наместо вообичаените 60. 000.

Оваа едногласнот му е корисна на Оланд, за повторно ја обедини нацијата, а корисна и е на Марин Ле Пен за да побара смртна казна, забележува Луз.
­

За разлика од Англо­саксонците или Планту, „Шарли” се бори против симболизмот. Гулабите на мирот и другите метафори на светот во војна, тоа не е наша работа, објаснува тој. ­ Ние сме весник, го купуваме или не го купуваме, го отвораме и затвораме. Ако луѓето ги пуштаат нашите цртежи на Интернет, ако медиумите ги изложуваат некои од цртежите, тоа е под нивна одговорност. Не е наша, продолжува карикатуристот.

Тој вели дека не бил на „спонатната манифестација на 7 јануари”. ­ Луѓето ја пееа Марсејезата. Зборуваа за сеќавањата за Шарб, Тињуз, Кабу, Оноре, Волински: тие ќе плукенеа на оваа поддршка, забележува Луз.

Според него, „Шарли” е збир на многу различни личности кои прават мали цртежи. ­ Природата на цртежите се менува во функција на раката на својот цртач, неговиот стил, неговото политичко мислење за едните, или уметничкото за другите, додава тој.
­

Но, тоа смиреност и разновидноста на погледите, повеќе не постојат. Секој цртеж се гледа како да е направен од страна на секој од нас. На крајот, сегашниот симболичен товар е се она против што „Шарли” отсекогаш работеше: да уништува симболи, да урива табуа и да ги разбие фанатзмите, вели Луз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top