Руската тенисерка Марија Шарапова по долга и исцрпувачка борба во финалето на турнирот во Бризбејн славеше победа над Србинката Ана Ивановиќ со 2-1 (6-7, 6-3, 6-3) во сетови. Мечот траеше долги два часа и 40 минути, а двете тенисерки крајно исцрпени сепак задоволни ја отпоздравија публиката.
Ова беше 14-ти меѓусебен дуел на двете тенисерки, а Шарапова стигна до десеттата победа. Во два часа и 40 минути тенис, Русинката стигна до пресврт со победата откако одлично ги одигра вториот и третиот сет.
Турнирот во Бризбејн се играше за награден фонд од милион долари, а победничката Шарапова заработи 195 илјади и нови 470 ВТА поени, додека Ана Ивановиќ ќе мора да се задоволи со 104 илјади долари и 305 ВТА бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.