Екипите на зимската служба на Град Скопје го дорасчистуваат мразот од тротоарите од градските улици и булевари. Во расчистувањето се ангажирани повеќе од 200 лица од скопските јавни претпријатија.
Од Зимската служба на Град Скопје велат дека ја следат состојбата на терен и оти ќе интервенираат според потребите. Воедно, потсетуваат дека Град Скопје е одговорен за чистење на булеварите и поголемите сообраќајници, а преостанатите улици се во надлежност на општините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.