| четврток, 6 декември 2018 |

Преку Канцеларијата за КККС најбрзо до сопствен дом

Канцеларијата посветена на  проектот „Купи куќа, купи стан“, која од понеделник ќе биде отворена во Министерството за финансии, според вицепремиерот Зоран Ставрески ќе им помогне на граѓаните полесно да донесат одлука и да дојдат до сопствен дом.

– Се решивме во Министерството за финансии да има отворена канцеларија во која во одреден дел од денот, за што граѓаните ќе бидат информирани, да може да дојдат, да се сретнат со луѓето од Министерството за финансии и да им помогнат во тој процесот за да им биде полесно на граѓаните и да се информираат и да донесат таква одлука, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по официјалното доделување на клучевите од станот на добитникот од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“.

Тој додаде дека од понеделник во Министерството за финансии ќе има отворена канцеларија, редовна за проектот „Купи куќа, купи стан“ и тоа токму заради интересот на граѓаните околу тоа на едно место да се добиваат информации за проектот, за слободни станови кои се до 900 евра по метар квадратен, потоа за тоа од кои банки можат да добијат кредити, кои се условите, како и тоа колку помош ќе добијат од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top