Вчеравечер околу 20,00 часот во Детската клиника во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во една потпокривна просторија, Н.К.(22) од с. Петровец, скопско ја убил Д.З.(31) од истото село.
Имено, околу 18,00 часот по претходен договор помеѓу двајцата да се сретнат во покривната просторија на Детската клиника помеѓу нив настанала вербална расправија и во еден момент осомничениот физички ја нападнал Д.З. и со употреба на физичка сила ја задавил.
Потоа, од засега непознати причини, Н.К. го одвлекол и го оставил безживотното тело на една од покривните тераси и истиот седнал на работ од покривот, со намера да скокне од зградата и да се самоубие.
Истиот бил забележан од пациент, кој пријавил на болничкото обезбедување од каде е пријавено и во МВР, на местото на настанот е излезено од страна на припадници на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа” и Единицата за специјални задачи кои го пренеле безживотното тело на Одделението за интензивна нега каде што и покрај напорите, медицинската екипа не успеала да ја реанимира Д.З..
Околу 22,35 часот осомничениот е симнат од покривот и приведен. Во текот на денешниот ден против истиот ќе биде поденсена кривична пријава за убиство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


