Најдобриот играч во Барселона и еден од најдобрите во светот Лионел Меси очигледно е „алфа и омега“ во тимот од Каталонија.
Според шпанската телевизија „ТВЗ“ блиски до клубот, Меси по разговорот со претседетелот на клубот Жозеп Бартомеу по натпреварот од кралскиот куп во кој Барселона до декласираше Елче со 5-0, побарал да биде сменет тренерот Луис Енрике кој е легенда во клубот.
Како објавува телевизијата тој јасно кажал дека на кормилото треба да се врати Франк Рајкард кој се посочува како еден од најзаслужните за „ѕвездените“ години што ги имаше клубот во минатото. Рајкард го турна во оган младиот фудбалер, кој потоа од година во година напредуваше и стигна да биде најдобар светски играч.
По разговорот Бартомеу застанал зад Меси, па медиумите веќе најавуваат дека Луис Енрике ќе добие отказ по дербито со Атлетико Мадрид утревечер. Првиот човек на клубот се решил на ваков чекор, да го поддржи Меси и поради реакцијата на навивачите на дуелот со Елче.
Инаку, исполнувањето на желбата на Меси, според медиумите, е и потег да се задржи Аргентинецот, откако се погласно се најавува негово заминување од клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


