Американската тенисерка Венус Вилијамс најави дека во одлична форма пред почетокот на првиот грен-слем турнир, отвореното првенство на Австралија. Таа во подготвителниот период успеа да го освои АСБ-Класикот во Оукленд победувајќи ја во финалето Каролоне Вознијачки со 2-1 (2-6,6-3,6-3) во сетови.
Венус која одигра одличен турнир до финалето немаше изгубено ниту еден сет, а беше непрепознатлива во првиот во финалето дозволувајќи и на Вознијацки лесно да го освои со два брејка на сервис на противничката.
Во вториот и третиот сет сосема друга слика на теренот. Вилијамс заигра во препознатливата форма која ја краси во текот на кариерата со голем број освоени винери и со напад на секој сервис на Каролине. Тоа вроди со плод и заслужено славеше во финалето во Оукленд.
По пауза од 11 месеци постарата од сестрите Вилијмс успеа да го освои 46, турнир во својата кариера по последниот во Дубаи минатата сезона.
Ова беше прв турнир по паузата поради повреда од септември. Вилијамс минатата година истотака играше во финалето на АСБ-Класикот, но тогаш загуби од Ана Ивановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


