| четврток, 6 декември 2018 |

Монпелје го победи Марсеј и им овозможи на Лион и ПСЖ да се борат за врвот на табелата (видео)

monpelje

Олимпик Марсеј доживеа незгоден пораз во првенството на Франција на гостински терен во Монпелје од 2-1 во првиот натпревар од 20.коло. Ова беше петтиот пораз оваа сезона за лидерот на табелата кој остана на 41 бод и со тоа им даде шанса на вториот и третиот тим Лион И ПСЖ со евентуални триумфи да се искачат на првото место.

Марсеј синоќа на „Алтрад“ загуби со 2-1 во натпревар во кој домашните дојдоа до водство во 38. минута од средбата со погодокот на Бериго. Ласне во 62.минута го зголеми водството на 2-0 за домашните, а Омрани во 68.минута единствено успеа да го ублажи поразот.


All Goals – Montpellier 2-1 Marseille – 09-01-2015 by Strobner

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top