| четврток, 6 декември 2018 |

Која е најбараната жена во Франција?

Благајничка со алжирско потекло, која ја напуштила нејзината слабо платена работа кога го запознала терористот кој од неа направил жена-џихадист. Сега наоружана и опасна бега од француската полиција.

Aјат Бумедjeн е 26-годишната девојка, која заедно со, сега веќе убиениот, Амеди Кулибали ја создаде заложничката криза во супермаркетот за кошер во Париз, во која загинаа четири лица.

150109-hayat-boumeddiene-amedy-coulibaly_01b460f8bb975fcbe4cd60804e5659b3

Полицијата се уште трага по оваа некогашна благајничка, која во 2009 година остава се за нејзиното момче Кулибади и радикалниот ислам. Бумедjeн го чекала 4 години додека тој бил во затвор. Тие биле венчани со посебна религиска церемонија.

Во 2014 година таа разменила околу 500 телефонски повици со еден од браќата Куаши, одговорни за масакрот во „Шарли ебдо“, што е еден од клучните докази за поврзаноста на двата напади во Париз.

Извор: Индепендент

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top